| |

ГДУ-КУМАНОВО СО РЕАКЦИЈА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА ЗАКОНИТЕ ОД СТРАНА НА ОПШТИНАТА

Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за управување со детската градинка Ангел Шајче во Куманово. Истото одземање е за период од една година- вест која денес е една од ударните на ниво не само на општина Куманово, туку на централно ниво на Македонија, се вели во реакцијата на Граѓанско Демократската Унија- Куманово.

Граѓанско Демократската Унија како партија на сите граѓани наоѓа за сходно да постави неколку прашања:

Зарем требаше нашата локална самоуправа да претрпи еден ваков удар од централната власт, за да добие уште една опомена дека нешто мора итно да се менува во функционирањето на локалната власт? 
Зарем двете претходно упатени опомени од министерството до општината да реагира и да го спроведе законот немаше кој да ги прочита и да постапи по нив? 
Зарем немаме доволен капацитет, па и по директни посочувања од страна на инспекторите, да не можеме да ја испочитуваме постапката за распишување на оглас и именување на директор на детска градинка?

Ние како најголема општина во Македонија секако не смееме да си дозволуваме вакви испади. Мораме да го почитуваме законот и да се покажеме како достојни на одговорностите кои ни се поставени пред нас. Сега топката е кај нашиот татко на градот и неговата администрација. Некој од нив треба да си понесе одговорност за настанатиот проблем. Да бидеме една од двете казнети општини, и тоа откако јасно ни било укажано дека не постапуваме по законот (со писмени опомени) не смее да се пренебрегне и да се замиже.

Во интерес на идната работа и совесното извршување на работните задачи мораме ова да го истуркаме до крај. Не е мала работа или само привид да не се постапува по директни опомени и насочувања на повисоките државни органи. Оглушувањето од дадените инструкции може да биде лошо за нас, како директно непочитување на правилата на хиерархијата на државните органи.

Сега ни се враќа со одземање на ингеренциите само на еден (мал, краток) период, кој брзо ќе помине, меѓутоа нареднот пат можеби ќе ја немаме таа среќа и можеби ќе биде полошо за нашата локална администрација, а тоа сѐ се сведува на квалитетот на услугите кои нашите граѓани ги добиваат од истата. 
Како партија на граѓаните не смееме да го премолчиме и прикриеме јавно настанатиот проблем. Наше беше да ги поставиме овие прашања во вистинско време кога одговорите на истите се значајни за сите нас во Куманово. Сега е на локалната власт да даде одговори на истите и да објасни дали некој за свои лични или партиски цели и интереси не ја злоупотребува службената положба, или пак само одговорноста и критичноста се отидени до таа мера што единствено треба да се издржат 8 часа на работа, без било што да се сработи во тоа време.

ГДУ чека одговори на горепоставените прашања како давање на информација од јавен карактер. Се надеваме дека нема да чекаме долго време, се вели во реакцијата на Граѓанско Демократската Унија- Куманово.



Слични Објави