Градоначалникот на Белица, Бугарија, ги награди добитниците на признанија од меѓународниот натпревар TeenEagle во Оксфорд
Градоначалникот на општина Белица, Радослав Ревански, се сретна со Фатме Кашева, Муса Џембазки, Аки Шехов и Џемал Мехов, кои постигнаа успех на меѓународниот натпревар по англиски јазик TeenEagle во Оксфорд, јавува Пиринско.
Ревански им честиташе на младите учесници и им врачи симболични подароци за постигнатите резултати и за претставувањето на селото Краиште и општина Белица.
„Покажавте дека знаењето е сила. Докажавте дека и во малите населени места се раѓаат и растат умови кои можат да го прослават не само својот роден крај, туку и Бугарија“, изјави Ревански.
Тој ги повика учениците да продолжат да учат и да работат дисциплинирано и да бидат пример за другите млади луѓе.
„Продолжете да учите и да работите со дисциплина, инспирирајте и други млади луѓе да тргнат по овој пат. Ја имате мојата целосна поддршка“, рече градоначалникот.
