ГРАЃАНИТЕ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИЗВРШИТЕЛИТЕ

Граѓаните денес повторно излегоа на протест против извршителите и системот за присилна наплата. Бараат извршителите повторно да работат во рамки на судовите и бараат ветинг на судиите. Сметаат дека институциите не работат во служба на граѓаните, туку се дозволува легален грабеж на граѓаните преку системот за присилна наплата.Протестот започна во 12:05, симболиката на времето е дека е веќе предоцнa за промени, но сепак мора да се случат промените. Протестот започна пред Министерството за правда, а потоа со автомобили демонстрантите се упатија кон судовите.