| |

Граѓанско здружение од Благоевград отвори сметка за донации за возобновување на Споменикот на незнајниот македонски четник уништен од комунистите во 1947 г.

Граѓанското здружение „Горна Џумаја“ од Благоевград отвори донаторска сметка за повторно поставување на Споменикот на незнајниот македонски четник.


Проектот е во напредна фаза – ова е услов според бугарскиот Закон за урбанизација.

„Голема среќа е што успеавме да ја најдеме оригиналната бронзена скулптура на скулпторот Димитар Шиваров, според која е изработено и спомен-обележјето. Потребната сума за изградба на споменикот е 200.000 /двесте илјади/ лева. Ги замолуваме граѓаните на Благоевград и потомците на старите македонски семејства во Бугарија и во светот да ни помогнат да ја собереме потребната сума“, велат од граѓанското здружение „Горна Џумаja“ од Благоевград.

Споменикот на Незнајниот македонски четник во Горна Џумаја е поставен во 1933 година, а е срушен во 1947 година по наредба на бугарските комунисти. Самиот споменик е фигура на четник со пушка, а на постаментот е напишана годината на создавање на ВМОРО- 1893 година. Ликот на четникот е ликот на Тодор Александров.

Споменикот се наоѓал на денешниот плоштад Македонија, на местото на денешната градина, десно од читалиштето.



Слични Објави