ГРАЃАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ GREEN ОД КОЧАНИ СО ДВЕ ЕКОЛОШКИ АКЦИИ
Граѓанското здружение „Green“ од Кочани денеска ги чистеше реоните Бавчалук, игралиштето Гоцева шума, патот до водопадите и самите водопади во Кочани.
Од граѓанското здружение повикуваат граѓаните да бидат посовесни, бидејќи пристапноста на излетничките места е тешка и поради тоа комуналните работници не можат секој ден да ги чистат отпадоците оставени од несовесните граѓани.
Освен акцијата за собирање на отпад, со парична донација на кочанчанецот Александар Симеонов, во водите на браната Градче беа пуштени 11 гуски и 4 шатки. „Птиците се прегледани, чипувани и може да се најдат при кражба или злоупотреба “, велат од здружението. Од таму изразуваат голема благодарност за ветеринарот д-р Дарко, Елена Цветанова која се погрижила да ги разубави куќичките на птиците и сите што зеле учество во денешните две акции.
(Галерија од акциите можете да погледнете во facebook групата Кочани протест за чист воздух)
