ГДУ-ШТИП: КАДЕ СЕ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ?

//

„Денешната прес- конференција ја посветуваме на инвестициите во нашиот град. Во предизборието слушнавме многу планови за инвестиции во нашата држава. Нашиот градоначалник излезе пред медиумите со ставот дека ќе има повеќе странски инвестиции во Штип и ТИР зоната.

Во 2019 година нашиот градоначалник Благој Бочварски, заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Хасани, изјавија дека се во очекување на нови странски инвестиции.

Во интерес на сето ова сакаме да прашаме:
-Каде се новите инвеститори?
-Каде се повеќето можности за инвестирање?
-Каде се новите зони за странски и за домашни инвеститори кои што ги ветивте?
-Каде се парите кои што се издвојуваат за привлекување на странските инвестиции?
-Би сакале да знаеме колку странски инвеститори инвестирале во Штип и околината за овие 3 години владеење?



Заклучокот е едноставен, ветувањата останаа само ветувања, лагите останаа предизборни оружја. За жал, три години во нашиот град нема ниту една странска инвестиција.

Дали ова е животот кој што го ветувавте? Дали овој е тој прав пат за кој што зборувате?“, изјави на денешната прес-конференција, Бојана Дрангова, член на НК на ГДУ-Штип.

Претходна статија

ГРАЃАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ GREEN ОД КОЧАНИ СО ДВЕ ЕКОЛОШКИ АКЦИИ

Следна статија

СДСМ ПОВТОРНО ЛИЦИТИРА, БАРА ИЗБОРИ НА 21 ЈУНИ, ВО ПОНЕДЕЛНИК НОВА ЛИДЕРСКА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ

Најново од Вести