КАКО И СЕКОГАШ НАРОДОТ СИ ПАТИ!
Драги пријатели, читатели, истомисленици и неистомисленици, сакам искрено и чесно да ви се обратам. Во овие тешки изминати месеци, дали некои од „ГОЛЕМИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ” избрани од нас народот, се сети да не праша како се снаоѓате, како преживувате, како функционирате? Одговорот како и секогаш е ист, ги нема не ги интересира а ниту помислуваат на нас… Дали воопшто некој од нив се запрашал колку лица и фамилии останаа без работа? Дали се запрашаа како луѓето ги прехрануваат своите чеда? Дали се запрашаа истите тие испуштени од работа лица како ги плаќаат сметките за струја, вода и ратите од кредитите? Одговорот повторно е НЕ!
Епа драги мои јас мислам дека на овие избори треба во што поголем број да излеземе да не чекаме 19 часот да почне полицискиот час туку напротив уште во раните утрински часови во 7 сабајле да излеземе сите масовно и повторно да им ја дадеме поддршката на истите две зла кои во овие 30 години власт воопшто не се сетија на нас! Да им дозволиме повторно да манипулираат со нас, да им дадеме уште една шанса да им цветаат нивните бизниси и повторно и повторно да ги штанцаат нивните милиони!
П.С МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Автор: Димитар Попандонов, член на НК на ГДУ

