АЛБАНЦИТЕ СЕ ДЕЛ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ГОСПОДА ХЕЈТЕРИ

//

Опасното непознавање на историјата од луѓе кои се идентификуваат со ВМРО и класичниот пример дека тие не се ВМРО, туку некаква група заблудени луѓе, е фактот што истите скокаат против Албанците на Мечкин Камен.

Почитувани заблудени сограѓани, за да знаете нешто и да можете да ја разберете Организацијата, која во времето на востанието се вика ВМОРО, да ги сфатите нејзините идеали, убаво е да читате.
Читајте книги, спомени на војводи, одете по библиотеки и архиви, истражувајте. Патриотизмот не е на 3 ракии да викаш гласно Македонија, патриот е човек кој знае и може со аргументи да ја заштити својата теза.

За да не се малтретирате, ќе се обидам да ви олеснам. На овој ден, кога почнале да гинат наши дедовци наместо да сте смирени, полни со тага но и гордост за нивното херојство, да размислувате за нивните идеали, за тоа дали ние сме достојни нивни наследници, вие сте пијани, јадете скари и како „добри” демо-христијани почнувате да произведувате омраза.

Убаво е да знаете дека во Илинденското востание учествуваат и многу Албанци на страната на Организацијата. Проучете кој е Ѓорги Чаче- првиот неформален министер за одбрана во Крушевската Република. Убаво би било да знаете дека Охридско-Дебарското востание е заедничко востание, кое нашите вооружени дедовци организирани во ВМРО и дедовците на нашите комшии, Албанците, заедно го кренале против српската окупација.

Убаво е да знаете и за пријателството помеѓу Тодор Александров и Хасан беј Приштина или човекот со родно име Хасан Бериша. Убаво е исто да помислите дали е предавство или патриотизам нашето србоманство и србофилство бидејќи нема празник вклучувајќи го и Илинден на кој да не ни пее некој наследник на српски џандар, кој тепал или колел по време на востанието, денеска претставен како музичка ѕвезда на Балканот.

Албанците останаа доследни на своите дедовци, отфрлајќи го србоманството а ние дали останавме доследни на нашите дедовци со тоа што станавме поголеми Југословени и од Тито?

Автор: Тој Бугаринот



Претходна статија

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ МАКЕДОНЦИ!

Следна статија

ЗАБРЧАНЕЦ: МОНТАЖА И ЛАЖНА ВЕСТ СЕ СКАНДИРАЊАТА „СЕВЕРНА, СЕВЕРНА“ НА МЕЧКИН КАМЕН

Најново од Истакнато

Потрага по идентитетот

Facebook статус на Никица Корубин Три достапни документи: Преговарачката рамка на 25 страници, Заклучоците на Советот

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да