Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска упатил барање до лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и претседател на Собранието, Кадри Весели, заедно со коалициските партнери, да предложат кандидат за мандатар за формирање на новата Влада, откако премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка, јави дописникот на МИА од Приштина, пренесува „Плусинфо“
Во службеното барање на Тачи, кое го пренесе агенцијата „КосоваПрес“, се наведува дека коалицијата која формира влада по последните избори, а која ја сочинуваат ПДК, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Харадинај, Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај и Алијансата ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли, „имаат право да предложат нов кандидат за формирање на Влада на Република Косово“.