(Видео) Ноев: Русија ги зајакнува нападите врз Бугарија заради поделеноста во земјата
Бугарија во последните години демонстрира една подреденост, едно вазално однесување за жал, демонстрира потчинетост кон Москва или барем создава таков впечаток, изјави експертот за национална безбедност и поранешен Министер за одбрана на Бугарија, Бојко Ноев. Според него има три работи што се индикатори за тоа: Односот кон санкциите, трговијата со Гас Пром и воената помош за Украина.
„Неодлучната позиција на Бугарија по тие три прашања и дава основ на Русија да врши притисок врз нас и по други теми. Бугарија треба да стави крај на таквото однесување“, изјави Бојко Ноев.
Целото интервју погледнете го во видеото што следи:

