Невладини организации на граѓани на РС Македонија со бугарска национална самосвест со осуда за нападот врз „Цар Борис III“ во Охрид
Десетина невладини организации на граѓани на РС Македонија со бугарска национална самосвест преку писмо до државните институции во земјата, Република Бугарија, амбасадорот на ЕУ во РС Македонија и амбасадорите на Германија, Франција, Чешка и Бугарија го осудија вчерашниот напад врз просторијата на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид.
Претставниците на невладините организации го оценуваат позитивно фактот што МНР на РС Македонија го осуди вандалскиот чин и потсетија дека овој напад не е прецедент, кога се работи за простории на бугарски културни клубови во земјата.
„Го оценуваме позитивно фактот што Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го осуди нападот и кршењето на таблата на културниот клуб. Нагласуваме дека ова не е прв пат објект користен од граѓанско здружение на македонски граѓани со бугарска етничка припадност да стане мета на напад од страна на граѓани на РС Македонија, кои најверојатно гледат на своето дело како на патриотски чин.
Како граѓани на Република Северна Македонија, ги повикуваме одговорните институции во државата – Претседателот, Владата, Парламентот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, невладиниот сектор (Хелсиншки комитет за човекови права ) категорично да го осудат вчерашниот инцидент, како еклатантен пример за акт на омраза против Бугарите во РС Македонија“, стои во писмото на организациите.
Тие потсетуваат уште дека во медиумите во РС Македонија се води хајка против ликот и делото на бугарскиот цар Борис III.
„Потсетуваме дека во РС Македонија, од страна на поголемиот број на медиуми се води хајка против ликот и делото на бугарскиот цар Борис III, којшто е нарекуван фашист, вазал на Хитлер и слично. Кога ќе ги земеме предвид и јавните осуди од страна на високи функционери на власта на отворањето на клубот, со според нив контроверзно име, не е ни чудно, тоа што клубот станал објект на напад“, стои во писмото.
Организациите бараат напаѓачот на клубот да биде санкциониран со целата строгост на законот со цел ваквите инциденти да не се повторуваат.
„Бараме напаѓачот, којшто им е познат на членовите на здружението и се бара од страна на полицијата, да биде санкциониран со целата строгост на законот, со цел ваквите инциденти да не се повторуваат“, стои во писмото на невладините организации.
Потсетуваме дека вчера клубот на граѓанското сдружение „Цар Борис III“ стана објект на напад од страна на лице, кое веднаш по извршувањето на делото, само се пријавило во полиција, како што јавуваат од МВР. Извршителот на овој вандалски акт, со предмет сличен на секира, ја искрши таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ .
Ова не е прв пат простории на бугарски културни клубови да станат објект на напад од страна на граѓани на РС Македонија. Пред неколку месеци, пејачот Ламбе Алабаковски, се обиде да го запали клубот „Иван Михајлов“ во Битола. Поради ова дело Алабаковски доби условна казна затвор.
Во продолжение ви го пренесуваме целосниот текст на писмото-реакција на невладините организации:
До:
Претседателот на Република Северна Македонија, г-н Стево Пендаровски
Претседателот на Влада на Република Северна Македонија , г-н Димитар Ковачевски
Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија , г-н Талат Џафери
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија , г-н Бујар Османи
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, г-н Оливер Спасовски
Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија Н.е. г-н Дејвид Гир
Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Н.е г-н Ангел Ангелов
Амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.е. г-н Јарослав Лудва
Амбасадорката на Германија во Република Северна Македонија Н.е. г-ѓа Анке Холштајн
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Н.е. г-ѓа Кејт Мари Брнз
Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија Н.е. г-н Сирил Бормгартнер
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Хелсиншки комитет за човекови права
Социјалдемократски сојуз на Република Северна Македонија
Внатрешна македонска револуционерна организација -Демократска партија за македонско национално единство
Левица
Претседателот на Република Бугарија , г-н Румен Радев
Премиерот на Владата на Република Бугарија, г-н Г’л’б Донев
Министерот за надворешни работи на Бугарија , г-н Николај Милков
Почитувани,
Ние, како претставници на неколку невладини организации на граѓани на Република Северна Македонија со бугарска национална самосвест, категорично го осудуваме нападот извршен вчера врз седиштето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид.
Го оценуваме позитивно фактот што Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го осуди нападот и кршењето на таблата на културниот клуб. Нагласуваме дека ова не е прв пат објект користен од граѓанско здружение на македонски граѓани со бугарска етничка припадност да стане мета на напад од страна на граѓани на РС Македонија, кои најверојатно гледат на своето дело како на патриотски чин.
Како граѓани на Република Северна Македонија, ги повикуваме одговорните институции во државата – Претседателот, Владата, Парламентот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, невладиниот сектор (Хелсиншки комитет за човекови права ) категорично да го осудат вчерашниот инцидент, како еклатантен пример за акт на омраза против Бугарите во РС Македонија.
Воедно со тоа, како граѓани на ЕУ,очекуваме претставниците на ЕУ, како и амбасадите на земјите членки на ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа и меѓународните партнери да не замижуваат пред уште една демонстрација на говор на омраза против земја членка на ЕУ, кон која Република Северна Македонија декларативно сака да се приклучи.
Потсетуваме дека во РС Македонија, од страна на поголемиот број на медиуми се води хајка против ликот и делото на бугарскиот цар Борис III, којшто е нарекуван фашист, вазал на Хитлер и слично. Кога ќе ги земеме предвид и јавните осуди од страна на високи функционери на власта на отворањето на клубот, со според нив контроверзно име, не е ни чудно, тоа што клубот станал објект на напад.
Бараме напаѓачот, којшто им е познат на членовите на здружението и се бара од страна на полицијата, да биде санкциониран со целата строгост на законот, со цел ваквите инциденти да не се повторуваат.
Со почит:
Македонско-бугарско пријателство- Скопје
Балкански хоризонти-Охрид
Културен центар Иван Михајлов-Битола
Коридор 8- Скопје
Цар Борис III- Охрид
Здружение Дело-Скопје
Трибуна- Прилеп
Здружение за ,, Македонско-Бугарско пријателство” Битола
Интеракција-Охрид
Фондација Единство- Кочани