| |

Граничната полиција во Бугарија го одбележува својот професионален празник

Главната дирекција „Гранична полиција“ го одбележува својот професионален празник, соопшти Министерството за внатрешни работи на Бугарија. Датумот ја означува годишнината од усвојувањето на првиот Закон за граничната стража, објавен на 22 декември 1887 година.

Свеченостите почнаа во 10:00 часот со полагање венци на Споменикот на загинатите полицајци при извршување на службената должност, по што беа доделени награди на службеници за постигнатите професионални резултати во изминатата година.

Од Главната дирекција информираат дека во текот на годинава е регистрирано намалување од 70 проценти на миграцискиот притисок од држави во Азија и Африка во споредба со претходната година. Како резултат на 18 спроведени специјализирани полициски операции од почетокот на 2025 година, е забележано значително намалување на нелегалната миграција и трговијата со мигранти, при што се приведени повеќе од 60 лица.

Слични Објави