|

(Видео) Почина Украинец кој им помагал на бугарските доброволци што носеле помошти во Украина

Почина ранетиот водач на група бугарски доброволци, кои носат помошти за Украина. Саша Андреев бил погоден од шрапнел по гранатирање во Украина.

Тимот на иницијативата „Капчки за иднина“ беше во Украина за да достави хуманитарна помош од Бугарија.

„Почина нашиот пријател Саша Андреев, кој беше ранет од шрапнел додека водеше дел од нашиот тим со хуманитарна помош! Во нашите молитви нека ги имаме неговите најблиски: сопругата Ирина, синот Руслан, ќерките Дарина и Дијана, како и внуката Сара! Му благодарам на Бога за времето поминато заедно со него и неговиот пример на посветена служба! Сите сме тажни за уште еден живот одземен во оваа брутална војна! Саша, до Воскресение!“, напиша на социјалната мрежа Facebook, неговиот колега и пријател Стојан Славчев, од тимот доброволци.

Слични Објави