ГРЧКАТА ЦРКВА ПРОГЛАСИ ДЕН НА НЕРОДЕНОТО ДЕТЕ

//

Воведувањето на „Денот на нероденото дете“, кое беше најавено од Светиот Синод на Грчката Црква, е јасен и официјален  став на Црквата против абортусите. Како што е изјавено во циркуларното писмо на Синодот, оваа одлука беше донесена за да се заштитат децата и да се реши демографскиот проблем на земјата, јавува www.bigorski.org.mk.

Движењето „Дајте ми да живеам“, кое ја започна иницијативата истакна: „Ја примивме со голема радост и благодарност одлуката на Светиот Синод да ја прогласат првата недела после Божиќ за ден на заштитата на животот на нероденото дете. Нашето движење „Дајте ми да живеам“, верно на Евангелието и на Преданието на Православната Црква, насекаде ја објавува вистината дека нероденото дете е личност, образ Божји, уште од зачнувањето, и без условно ќе се бори за заштитата на детскиот живот“.





Претходна статија

ПОСТОЈКАТА НА ЈУГОДРВО Е ВОН УПОТРЕБА

Следна статија

ИНТЕРЕСНИ ФОТОГРАФИИ КОИ ГИ КРШАТ ЗАКОНИТЕ НА ФИЗИКАТА

Најново од Вести