DW: ШТО СЕ БРИШЕ ВО СЈО?

//

По медиумските информации дека специјалната јавна обвинителка дала усна наредба за „форензичко бришење на податоците“ од  компјутерите во СЈО,  ДВ разговараше со обвинители од таа институција. Тие тврдат дека по преслушувањето на сто отсто од незаконски следените комуникации („бомбите“) кои му биле предадени на ова Обвинителство, тече процес на постепено отстранување на тие материјали, но само од персоналните компјутери на стручните соработници и истражители, кои повеќе немаат потреба да работат со нив, бидејќи сите материјали се предадени на обвинителите.

Велат дека таа постапка не може да се поврзе со  случајот „Рекет“,  но и потенцираат дека немаат информации дали можеби има некаква наредба за други активности кои евентуално би имале директна врска со тој случај.  




„Стручните соработници и истражителите ги анализираат аудио материјалите, ги одвојуваат приватните од службените разговори, и сите податоци поврзани со тие материјали ги внесуваат во ексел-табела (времетрање на разговори, соговорници, клучни зборови според кои материјалот повторно може да биде пребаруван итн). Исто така, тие одвојуваат и транскрибираат материјал кој може да укажува на кривично дело и за тоа доставуваат извештај до обвинителот. Кога нивната работа на одреден аудио – материјал целосно ќе заврши и извештајот ќе биде доставен, од безбедносни причини повеќе нема потреба тој материјал и натаму да биде во персоналните компјутери на истражителите и стручните соработници, па информатичарите го ‘катираат‘ и го враќаат во базата“, објаснуваат нашите соговорници, се вели во материјалот објавен од македонската редакција на DW. Целиот материјал прочитајте го овде.



Претходна статија

ПОЛОВИНА ОД ОПШТИНИТЕ НЕ ОБЈАВУВААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Следна статија

ПОСТОЈКАТА НА ЈУГОДРВО Е ВОН УПОТРЕБА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да