Само една од пет општини, поточно нецели 20 отсто, на своите интернет страници тековно ги објавуваат огласите за јавни набавки, покажа прегледот што Новинската агенција „Мета.мк“ деновиве го направи на страниците на 80 општини и Градот Скопје, пренесува civilmedia.mk . Речиси половина од општините или 48% немаат објавено никакви податоци за јавните набавки или постоечките им се застарени.
Стари договори или празни категории за јавни набавки имаат 15 општини, а 21 општина немаат ниту тековни огласи, ниту линк до нивните огласи на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).