ХРВАТСКА ИЗДАДЕ НОВА МОНЕТА ПО ПОВОД ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО ЕУ
Хрватската народна банка (ЦНБ) пушти во оптек нова пригодна монета од 25 куни по повод одбележувањето на претседателството на Хрватска во Советот на Европската Унија во 2020 година.
Монетата од 25 куни има форма на правилен дванаесетаголник и е искована во Хрватскиот монетарен завод во количество од 30.000 парчиња, соопшти ЦНБ.
Извор: Макфакс

