| |

Бугарската заедница во Ниш веќе има „Културно-информативен центар“

Во вториот по големина град во Србија Ниш е основан и регистриран „Културно-информативниот центар“ на бугарското малцинство во земјата, јавува Гласпресс. Центарот е регистриран во мај минатата година (23.05.) како невладино здружение, за реализација на различни цели на полето на зачувувањето на националниот идентитет на бугарското малцинство во Република Србија.

Во текот на изминатите месеци основната активност на здружението беше создавање услови за работа на КИЦ, изнаоѓање на канцеларија, како и нејзино опремување, што всушност се случува кон крајот на 2023 година. На 3 јануари во просториите на новоотворениот „КИЦ“ во Ниш, во присуство на генералниот конзул на Република Бугарија Димитар Цанев и неговите соработници, беше организиран првиот настан, делење божикни подароци за најмалите, како и божикен дочек за децата и нивните родители. На прославата од претставници на здружението дознавме дека активностите на нишкиот „КИЦ“ во 2024 година ќе бидат доста амбициозни. Тие веќе имаат усвоено план за работа и се очекува реализација на различни проекти од областа на културата, туризмот и спортот.

„Предмет и дејност на здружението е зачувување на националниот идентитет на бугарското национално малцинство во Србија. Зачувување на етничкото наследство и фолклор, спроведување на културна, образовна, издавачка, информативна и спортска соработка меѓу Република Бугарија и Република Србија, а сето тоа е во насока на подигање на националната самодоверба на бугарското малцинство во градот Ниш и регионот“, вели специјално за порталот „Гласпрес“, претседателот на здружението Горан Стојанов.

Претседателот на здружението изрази искрена благодарност до бугарскиот конзул Димитар Цанев и до вработените во конзулатот во Ниш, како и до сите членови на здружението за поддршката и помошта дадена во текот на формирањето на здружението и неговите активности досега.

Слични Објави