|

ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ИЗБРА ЕКАТЕРИНИ САКЕЛАРОПУЛО ЗА ПРВА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗЕМЈАТА

Со 261 глас од вкупно 300 пратеници, грчкиот парламент денеска ја избра Екатерини Сакеларопуло за претседател на републиката, објави АНА-МПА.

Сакеларопуло, која е предлог на премиерот Киријакос Мицотакис, е првата жена избрана за претседател на Грција, а исто така и првиот кандидат што го поддржале три партии во парламентот (Нова демократија, СИРИЗА и Движење за промени).

Пратениците од грчката комунистичка партија, од националистичката партија „Грчка одлука“ и од МеПа 25 – партијата на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис беа воздржани.

Сакеларопуло ќе стане 13-ти грчки претседател и ќе го замени поранешниот претседател Прокопиус Павлопулос. Таа ќе положи заклетва на официјалното заседание на парламентот веднаш штом ќе истече мандатот на Павлопулос на 13 март.

Слични Објави