| |

Грци масовно полнат гориво во Бугарија поради пониските цени

Грчката телевизија ЕРТ во репортажа од граничните премини со Бугарија прикажа дека сè повеќе Грци патуваат земјата за да точат поевтино гориво, при што разликата во цената достигнува до 50 евроценти по литар, пренесува БНР.

Дел од нив полнат и канистри со бензин, иако тоа е забрането, поради што грчките власти често вршат контроли по преминувањето на границата.

„За велигденските празници повторно ќе купуваме месо од Бугарија, затоа што е квалитетно и поевтино“, велат граѓани кои редовно ја минуваат границата.

Освен гориво и месо, Грците купуваат и облека, обувки и бела техника, додека интересот за прехранбени производи опаѓа, бидејќи цените во Бугарија веќе се изедначуваат со оние во Грција.

Во меѓувреме, по воведувањето на ограничување на трговските маржи во Грција, сè повеќе Бугари патуваат таму за да купуваат поевтина храна.

Слични Објави