| |

Грција го осуди нападот со поморски дрон врз трговски брод крај бугарскиот брег

Грција недвосмислено го осуди неодамнешниот напад со поморски дрон врз трговски брод во грчка сопственост крај брегот на Бугарија и побара одговорност за сторителите, соопшти Амбасадата на Грција во Бугарија.

„Таквите напади се неприфатливи, ги загрозуваат човечките животи и претставуваат сериозна закана за безбедноста на пловидбата“, се наведува во соопштението.

Грција истакна дека како поморска земја ѝ придава особено значење на поморската безбедност и останува цврсто посветена на меѓународното право, вклучително и на правото на морето.

„Изразуваме солидарност со Бугарија и нагласуваме дека одговорните мора да одговараат“, порачаа од грчката амбасада.

Слични Објави