Со швајцарска вечер во Софија одбележани 110 години дипломатски односи меѓу Швајцарија и Бугарија
Над 350 гости присуствуваа на швајцарска вечер во Софија по повод националниот празник на Швајцарија и 110-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Бугарија, соопшти Амбасадата на Швајцарија во Бугарија.
Настанот го организираа Амбасадата и Бугарско-швајцарската трговска комора, како кулминација на манифестацијата „Швајцарски денови 2026“. Почесна гостинка беше министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Швајцарско-бугарската оперска пејачка Виолета Радомирска ги изведе националните химни на двете држави. Од Амбасадата им се заблагодарија на партнерите, гостите и спонзорите за поддршката во организацијата на настанот.
„Честити 110 години партнерство, иновации и солидарност — и нека ни претстојат уште многу години заеднички успеси“, порачаа од дипломатското претставништво.
Програмата на „Швајцарски денови 2026“ продолжува со изложба посветена на Швајцарија и врските меѓу двете земји, која е отворена до 30 октомври.
