ГРЦИЈА ГО ПРОДОЛЖИ КАРАНТИНОТ ДО 7 ДЕКЕМВРИ

Грција го продолжи националниот карантин до 7 декември, додека бројот на заразени со коронавирус продолжува да расте низ целата земја.

loading...

Најтешко погоден регион е северот на земјата, каде што капацитетот на болниците го достигна максимумот. Од таа причина, првите пациенти од овој регион денеска почнаа да се транспортираат во болниците во Атина.

Вториот бран силно ја погоди Грција и според податоците од Националната организација за јавно здравје, моментално има 597 пациенти на интензивна нега. Во последните 24 часа најмногу нови случаи на зараза имало во Солун – 633.



loading...

Грција се ближи кон бројката од 100.000 заразени од почетокот на епидемијата, при што починаа 1.902 лица, од кои 1.257 од 1 ноември наваму.