| |

Грција ја претстави својата политика за научна дипломатија на регионална конференција за Југоисточна Европа

Заменичката на шефот на мисијата во Амбасадата на Грција во Бугарија, Евгенија Бенијатоглу, го претстави грчкиот национален пристап кон научната дипломатија на регионална конференција организирана од Бугарскиот дипломатски институт, соопшти грчката амбасада.

Конференцијата „Научна дипломатија за Југоисточна Европа: Градење регионални партнерства за знаење, иновации, отпорност и надворешна политика“ беше посветена на поврзувањето на науката и меѓународната соработка.

Во своето обраќање, Бенијатоглу ја истакна важноста од зајакнување на регионалната соработка и воспоставување поблиски врски меѓу науката, иновациите и надворешната политика.

Амбасадата на Грција во Бугарија ја оцени иницијативата на Бугарскиот дипломатски институт како „важна и навремена“.

Слични Објави