ГРЦИЈА СТАВИ ВО КАРАНТИН УШТЕ ЕДЕН МИГРАНТСКИ КАМП

/

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп откако е потврдено дека еден 53-годишен маж е позитиен на коронавирус.

Авганистанецот живее со своето семејство во кампот Малакаса, во кој престојуваат и стотина други мигранти. Тој е пренесен во болница во Атина, пренесе „Ројтерс“.

Неговите контакти ќе бидат истражени, додека епидемиолозите се обидуваат да утврдат како се заразил мажот.



Кампот Ритсона во централна Грција во четвртокот беше ставен во карантин откако беше утврдено дека 20 баратели на азил се позитивни на коронавирус.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЧЕТИРИНАЕСЕТ КУМАНОВЦИ ГО ПРЕКРШИЛЕ КАРАНТИНОТ, 12 ПРИВЕДЕНИ

Следна статија

КАВАДАРЧАНЕЦ ПОЧИНА ОД КОВИД-19 ВО ЧИКАГО

Најново од Вести