Гркинка сними видео на кое плаче и зборува за 100 жртви во поплавите, уапсена е за ширење лажни вести
Триесет и петгодишна жена од Грција вчера е приведена поради ширење лажни вести.
Според истрагите на Управата за гонење електронски криминал, 35-годишната жена објавила видео на својот профил на социјална мрежа, на кое зборува за голем број смртни случаи предизвикани од бурата „Даниел“ на подрачјето на Тесалија, нешто што не е потврдено од официјалните власти, објави грчкиот весник „Прототема“.
Поточно, жената во видеото на Инстаграм зборува за наводни 100 загинати од поплавата. Потоа го отстранила предметното видео, но веќе властите имале увид.
Против неа се поднесени пријави. Жената е ослободена и ќе биде закажано редовно судење.