| |

Група „Маестро“ со концерт во Гоце Делчев, Бугарија

Во рамките на културната програма по повод Велигденските празници, музичката формација „Маестро“ од Република Северна Македонија ќе одржи концерт во Гоце Делчев, соопшти прес-службата на Општината. Настанот ќе се одржи на 11 април (петок) во Домот на културата „Пејо Јаворов“, а влезот ќе биде бесплатен.

Првично, концертот беше планиран да се одржи на отворено во градскиот парк, но поради големиот интерес од страна на граѓаните, локацијата беше променета, со цел да се обезбеди максимален комфор и пристапност за присутните.

Музичката група „Маестро“, формирана во 2012 година, е добро позната на музичката сцена во Северна Македонија и надвор од неа. Составена од професионални музичари, формацијата изведува широк спектар на музички стилови, вклучувајќи фолклор, популарна музика, светски хитови, евeргрини и класични инструментални дела.

Општина Гоце Делчев ги поканува сите жители и гости на градот да ја проследат празничната програма и да уживаат во изведбите на групата „Маестро“.

Слични Објави