Хајредини бара истрага за Ахмети, а Најчевска отстранување на одредени функционери
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека по отстранувањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко од партијата, потребна е детална истрага и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Дури сега, откако не е член на ДУИ, за Мерко, со дозвола на Бујар, може да се отвори детална истрага. Сеопфатна истрага е потребна за Али Амети. Сите други тој ги именува и пред него одговараат“, пишува Хајредини.
Професорката Мирјана Најчевска, која редовно пишува за актуелните политички случувања во земјата, вели дека на раководните позиции има луѓе кои не ја чувствуваат Македонија како своја држава и затоа треба да бидат тргнати од позициите.
„Моментално на раководни позиции се наоѓаат луѓе кои не ја перципираат Македонија како своја држава, кои не ги перципираат граѓаните на Македонија како луѓе во чиј интерес треба да работат и кои не одговараат за ниту едно прекршување на законите. Тие луѓе мора да бидат тргнати од раководните позиции“, напиша Најчевска.
