Хамас ја отфрли наредбата на Израел за евакуација
Хамас ја отфрли израелската наредба 1,1 милион жители да се евакуираат од северниот дел на Газа во рок од 24 часа пред очекуваната копнена инвазија на пренаселената палестинска територија, јавува АФП, пренесува БГНЕС.
„Нашиот палестински народ ја отфрла заканата на окупационите водачи и нивниот повик тие да ги напуштат своите домови и да побегнат на југ или во Египет“, се вели во соопштението на Хамас.