|

Хамас: Посредниците се уште не ни доставиле нови информации за преговорите

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека посредниците се уште не и ги доставиле најновите информации во врска со преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

Хамас, исто така, го обвини Израел дека „одолговлекува“ за да добие време и да ја спречи актуелната рунда преговори, како што тоа го правеше во претходните рунди, објави Ројтерс.

Катарските и египетските посредници, поддржани од САД, ги зајакнаа напорите оваа недела да склучат договор за прекин на огнот со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа и да се ослободат израелските заложници кои ги држеше Хамас.



Слични Објави