„Хендикеп плус“ со промоција на музички спот и благодарници за заслужните во борбата за правата на лицата со попреченост го одбележа 10 декември- Денот на човековите права

//

Нашата порака е јасна живот без бариери, еднакво право за сите,еднакви пред законите. Ова го изјави Бранкица Димитровска, активист за правата на лицата со попреченост, за време на промоцијата на спотот кон музичката нумера „Еден без друг не можеме“, дел од проектот „Предизвик за еднаквост“, кој што се одржа на 10 декември во просториите на Порта Македонија во центарот на Скопје.

„Развивање и јакнење на ставот и свеста за почит едни кон други Вложувањата во правата на лицата со попреченост е влог во едно модерно општество,во кое владеат човечноста, почитта и солидарноста, но тоа секако е и граганска обврска .Овој ден има за цел подобро да промовира разбирање со фокус на правата на лицата со попреченост и придобивките кои ќе произлезат од процесот на интеграција во секој аспект на политичкиот ,социјалниот,образовниот, економскиот и културниот живот во нашата држава.Јас и моите пријатели со попреченост и денес се соочуваме со голем број на предрасуди, маргинализација и дискриминација. Нашата порака е јасна живот без бариери, еднакво право за сите,еднакви пред законите“, изјави Бранкица Димитровска, активист за правата на лицата за попреченост во своето обраќање на настанот организиран од здружението „Хендикеп Плус“ под покровителството на Министерството за култура.

Песната „Еден без друг не можеме“ и спотот кон неа се продуцирани од Александар Ристовски-Принц, а се изведува од младиот и талентиран пејач Дарко Николовски. Во снимањето на спотот учествуваат и лица со попречености, докажувајќи на ваков начин дека и тие можат да дадат придонес за разноликоста и инклузивноста на културниот живот во земјата.

Здружението „Хендикеп Плус“ и оваа година додели благодарници на активисти за правата на лицата со попреченост. Заради својот целосен ангажман на полето на добротворните иницијативи, благодарница доби и г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во Скопје Ангел Ангелов, кој исто така присуствуваше на настанот.



Погледнете галерија од овој прекрасен настан:

Претходна статија

Се излеа реката Струма, поплавени 30-тина објекти

Следна статија

Швајцарски пратеници предлагаат невакцинираните да се откажат од лекувањето на интензивна нега

Најново од Вести