ХОЏА: ВЛАДАТА ЈА ЗАДОЛЖИ ФИРМАТА „11 ОКТОМВРИ- ЕУРОКОМПОЗИТ“ СО ПОЗАЈМИЦА ДА ИСПЛАТИ 2 ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Владата ја задолжи фирмата „11 Октомври- Еурокомпозит“ да достави барање за позајмица од 11 милиони денари, 6 милиони од АД ЕЛЕМ и 5 милиони од АД МЕПСО со цел да им се исплатат 2 плати на вработените, изјави портпаролот на Владата Мухамед Хоџа. Хоџа исто така доддаде дека ќе се формира мешовит тим меѓу Министерството за енергетика и рударство на Р. Македонија и Р. Косово, за да се рашири соработката во следните области: Секторот за електрична енергија, јаглен , природен гас, енергетска ефикасност и сигурност на снабдувањето.


