Хрватите бараат влез во Преамбулата на Уставот

//

Веќе е во тек кампањата на Заедницата на Хрватите во Македонија за пописот на населението што треба да се одржи од 5 до 30 септември годинава.

Ја имaме поддршката на хрватската влада, Македонија и Хрватска се пријателски, блиски земји, без отворени прашања. Но, тоа не значи дека се остваруваат сите национални права овде, барем не на нивото како што е тоа во Хрватска. Асимилацијата си го прави своето, попис нема 20 години, а и при последниот, во тие воени, виорни времиња, не сите се изјаснија. Ова е прилика да дојдеме до точниот број и како што Бугарите го бараат тоа, и ние ќе побараме влез во Преамбулата на Уставот“, изјави пред два дена Невенка Болонча Костовска, претседателка на Заедницата на Хрватите во Македонија.



Токму во однос на таа тема претставници на хрватската заедница имаа и средба со премиерот Зоран Заев.

Претходна статија

Учениците со повисока температура од 37.4 нема да следат настава

Следна статија

(Видео) Трифонов: Не треба да има промена на позицијата на Бугарија кон РС Македонија

Најново од Вести