|

Хуманитарен настан в сабота во Зоолошката градина, собраните средства ќе се наменат за настраданите од земјотресот

Оваа сабота со поддршка од Град Скопје во Зоолошката градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија.

Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот крст на Град Скопје, отворена за таа намена.

Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, „ЗОО азбука“/ДКЦ „Карпош“. Ќе има обраќање на спасувачи/волонтери, кои помагаа во Турција, ќе даде свое учество и градскиот мешан хор „Вардар“, а децата ќе ги дружи и забавува слончето Халки.

Настанот е со поддршка на МКЦ, „Вива“, „Телеком“, Халк банка, „Пелистерка“.

Слични Објави