| |

Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Трката за деца со Даунов синдром ќе се одржи во недела на 25 март 2018 година, со почеток во 11 часот во Градски парк во Скопје. Оваа трка ја организира Мечувалечки клуб  Ескрим под мотото „ И ние го можеме истото како и сите“. Трка е организирана по повод денот на лицата со Даунов синдром.

Трката е отворена за сите хумани граѓани, но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства.

Со овој настан организаторот сака да ја подигне свеста за овие прекрасни личности, да ги поттикне и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром за да ги вклучат во спортот и да им обезбедат еднаков пристап до него како и за редовните деца.

„За овие деца спортувањето е од огромно значење, бидејки развиваат моторика, координација, одржување на баланс и тонус на мускули. Сите овие работи се многу важни за нивен понатамошен самостоен живот. Со спортувањето добиваат уникатна социјализација, стекнуваат нови пријателства.“

Секој кој е заинтересиран да го охрабри и поттикне успехот на децата со Даунов синдром може да се пријави на трката на https://www.smartrace.club или да ја посети и поддржи истата со своето присуство.

Собраните средства ќе се користат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром.



Слични Објави