|

И Холандија испраќа фрегата во Црвеното Море за да ги брани бродовите од нападите на Хутите

Холандија ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да учествува во меѓународните напори за заштита на бродовите од воздушни напади на милитантите Хути во Јемен.

Холандската влада најави распоредување на бродовите во петокот во Хаг. Бродот треба да пристигне и да биде подготвен за должност на крајот на март.

„Заштитата на слободниот премин во Црвеното Море е исклучително важна за Холандија и остатокот од светот“, изјави министерката за одбрана, Кајса Олонгрен.

Фрегатата е опремена со противвоздушни системи наменети за одбрана од беспилотни летала.

Министерката рече дека бродот ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и нема да напаѓа цели во Јемен. Таа додаде дека се размислува за уште еден брод „Аспид“ да обезбеди логистичка поддршка на заедничката одбранбена операција на Европската унија во Црвеното Море.



Слични Објави