И ЈАС СУМ ПИЧКУМАТЕРОВЕЦ

Пада влада, нова влада, старо-нов состав, пратениците што ги одбравме пред неколку дена седнаа на своите Собраниски столчиња, од нивните ангажмани можевме да видиме по некое селфи на социјалните мрежи, убавите костими кои се ги подготвиле за „прв ден на училиште“ некои како првачиња, а некои во понапредните одделенија. Добро де имаше и такви што ни порачаа – Ви влеговме, вадење (од тука) више нема!

loading...

Се крча нова влада. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од собирање на парламентарно мнозинство за формирање на влада. Преку ноќ исчезнаа сите идеали дека со некои луѓе на иста маса не се седи, а преку своите гласноговорници (пропагандисти – новинари) пуштија мантра – Боље Албанец премиер него Заев.

Али Ахмети е најголемиот курназ во играва, со своите 15 пратеници, секоја политичка пратија која се обидува да формира влада мора да му пољуби… врата де. На почетокот коалицијата помеѓу ДПМНЕ и ДУИ беше многу веројатна, оти нели пукна тиква со досегашните коалициони партнери од СДСМ. Ама сега, работите се менуваат. Ниту Али Ахмети, ниту Мицкоски не сакаат толку отворено да ја покажат својата прагматичност дека не им се воопшто важни националните репрезентативи, туку само „место во владата“ па ќе мора и понатаму да глумаат ноторни разлики во интереси за да га сочуваат својот електорат.

СДСМ спокојно влезе во трката за формирање на влада. Ако успеаа со таква листа на пратеници што ја предводеа луѓе околу чии имња се кренаа големи скандали (Димитров, Шекеринска, Заев) да добијат поголем број на пратеници, тогаш нема надеж дека „разбудената свест“ на граѓаните ќе ги „пољуља“ нивните фиксни партиски структури.

Најголемо внимание предизвикува најмалата партија во Собрание, особено поради жестокиот говор на својот лидер кој е доволно паметен да увиди дека преку лов на ниски страсти се остваруваат целите. Апасиев собра големи симпатии од ВМРО-ДПМНЕ и оние кои се симпатизери на таа партија. Наспроти трибунскиот тип на „даскал“ кој нема способност да држи внимание на разјарена топла и да го насочува, се појави нов даскал кој е подготвен да го говори дури и јазикот на пцовките (што сите го разбираат) само да го задржи фокусот на себе. Лидерот на „Левица“ најверојатно ќе почне да ги става сите на „онаа работа“, се надевам дека има доволно голем полов орган да може сите да ги „обработи“ со него.


loading...

Целиот напис прочитајте го овде.

Автор: Магдалена Стојмановиќ