Сенатот на државата Охајо изгласа резолуција во чест на бугарско-американското културно наследство
Резолуцијата ги забележува достигнувањата на одредени историски ликови што оставиле трага во заедничката историја на Бугарија и САД.
Во резолуцијата се напоменати воениот дописник Џануариус Макгахан чии публикации за крвавото загушување на Априлското востание од страна на османлискиот башибозук ја убедуваат меѓународната заедница да ја поддржи борбата за слобода на Бугарија .
Македонските Бугари Том и Џеф Кираџиеви, пронаоѓачи на познатиот во Америка ,, Синсинати чили сос”, научникот Виден Табаков чиј разработки допринеле за првиот лет на НАСА до Месечината, првиот сенатор од бугарско потекло Тома Тамаш.
Во резолуцијата се изразува почит кон делото на илјадниците Бугарски имигранти од Македонија и основаната од нив во 1922 година Македонска патриотска организација која и до денес работи во интерес на човековите права на сите луѓе од Македонија,без разлика на нивната етничка припадност. Се одбележува воената соработка на Бугарија и САД и клучната улога на Бугарија за безбедноста во источна Европа и стабилноста на Балканот и регионот на Црно море. Се изразува признание кон бугарската јавност во Охајо за осудата на руската агресија против Украина и воената поддршка за суверенитетот , независноста и територијалниот интегритет на Украина.

Специјално внимание се обрнува на 80-тата годишнина од спасот на бугарските Евреи и делото на бугарската јавност која и покрај притисокот спасува околу 50 000 бугарски Евреи од теророт на нацистичкиот режим.
Резолуцијата ги потврдува стратешките односи меѓу Бугарија и САД и одбележува важни годишнини меѓу кои 120 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Бугарија и САД и 145 години од ослободувањето на Бугарија.
Во резолуцијата е признаен и придонесот на двете бугарски цркви во Охајо, неделното училиште ,,Родољубие” и Асоцијацијата на Бугарите во Синсинати за зачувувањето на бугарско-американското културно наследство.
На седницата на Сенатот присуствуваа Бренда Муни од фондација Макгахан и нејзината ќерка Сара, Диди Патриџ претседател на Асоцијацијата на Бугарите во Синсинати, Надежда Танова директор на училиштето ,,Родољубие” а исто така и малите Алекс и неговата сестричка Калина од Колумбос.
,, Им благодарам на сенаторот Антонио, на Џорџ Адамс од фондацијата „Макгахан“, на Грег Чачов од чаптерот „Свобода“ на МПО и на Лидија Михалик директорка во офисот на гувернерот Девајн за нивната поддршка”, напиша на социјалната мрежа Фејсбук генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков .
,,Ова е второ признавање на Бугарија и бугарската дијаспора во Охајо за 2023 година откако порано оваа година гувернерот на државата Мајк Девајн го објави 3-ти Март 2023 година за Ден на ослободувањето на Бугарија. Оваа резолуција се посветува и на генерациите бугарски имигранти во Охајо и САД, кои не ги заборавија своите корени и до последен миг ја носеа Бугарија во срцето. Тие никогаш нема да бидат заборавени”, пишува Станков на социјалната мрежа Фејсбук.

