| |

Одземените примероци од книгата „Елегија за краиштето“ на Едвин Сугарев се вратени во КИЦ „Босилеград“

Книгите на Едвин Сугарев што беа одземени од српските власти на 8 декември од КИЦ ,, Босилеград ” се вратени, јавува БГНЕС.

23 примероци од книгата ,,Елегија за краиштето ” во која се раскажува за тешката судбина на бугарското малцинство во Западните покраини беа одземени како материјални докази против претседателот на КИЦ ,,Босилеград” Иван Николов.

Против Николов е покрената истрага за ширење на етничка омраза. Судот во Врање се уште не се огласил за тоа .
На осми декември освен одземањето на книгите од Културниот центар на Бугарите во Србија, влез во државата не му беше дозволен и на самиот автор Едвин Сугарев.

Бугарија реагираше остро на тие дејствија на српските власти. Српскиот амбасадор во Софија Жељко Јовиќ беше повикан во бугарското МНР а бугарскиот амбасадор во Белград побара официјално извинување од страна на српското МНР.

Фото: БГНЕС

Слични Објави