ЏАФЕРИ ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ, МЕДИУМИТЕ И АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ И ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ДА ГО ЧУВААТ АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

Спикерот на македонското Собрание Талат Џафери ги повика институциите, медиумите, административните и просветните работници, со свој пример да придонесат за раст на новите генерации кои ќе го сакаат, чуваат, почитуваат и говорат албанскиот јазик.

loading...

„Секој временски период ги бие своите битки и ги слави големите или малите борби кои се само камче во зацврстувањето на темелот на чувањето, развојот и ажурирањето на јазикот кој е жива материја и кој може и да потпадне под влијание на интернационализмите и незапирливиот и сеопфатен напредок на технологијата. Затоа, треба да бидеме будни, секој во својот домен на делување. Тука, пред сѐ мислам на себе и на другите претставници на политичкиот дијапазон кои актуелно се или во иднина ќе бидат дел од законодавната власт, а тоа значи можност да ја менуваме, дополнуваме и подобруваме законската основа за чување на стандардниот јазик“, порача денеска Џафери во поздравното обраќање на Научната академија по повод научно-културната манифестација „Деновите на Азбуката – II“.



loading...

Џафери од лично име, но и од име на пратениците во Собранието упати честитки по повод 22 Ноември, 112-годишнината од Битолскиот конгрес на кој се унифицираше албанската азбука, ден кој се одбележува како национален празник на Албанците во Македонија.