ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК ОД ТЕТОВО СПАСИ ВОЗРАСЕН СКОПЈАНЕЦ ОД ДАВЕЊЕ ВО РЕКАТА ВАРДАР
Дваесет и седумгодишен градежен работник од Тетово спасил возрасен човек од давење во реката Вардар во подрачјето на општина Аеродром.
Младиот човек го забележал Б.М (81) од Скопје во реката,по што скокнал и го извадил, велат од полицијата.
На местото на настанот стигнала Итната медицинска помош која констатирала дека возрасниот човек е во добра состојба.
