|

Спикерот на Собранието Гаши денеска ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши денеска ќе ги распише локалните избори. Од денеска ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Првиот круг ќе се одржи на 19-ти октомври, а таму каде што нема да бидат избрани градоначалници, ќе има втор круг на 2-ри ноември. 

Рокот за поднесување на листите со кандидати за градоначалници и советници е до 15-ти септември. Изборната кампања ќе трае 20 дена и започнува на 30-ти септември.



Слични Објави