И МУРИЊО СЕ ПОЖАЛИ: ЗЛОСТОРСТВО Е ТОА ШТО МОРА ВО САБОТА ПАК ДА ИГРАМЕ!
Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо е разочаран поради густиот распоред на натпревари во англиската Премиерлига.
Само два дена откако го победија Брајтон со 2-1, Тотнем ќе мора повторно да игра и тоа утре против Норич.
„Злосторство е тоа што мора повторно да играме за два дена. Тоа е против секој закон на психологијата и биологијата“, вели Мурињо.
Тотнем по дуелот во сабота ќе мора д аигра и во среда против Саутемптон, па тоа значи дека во шест дена ќе одиграат дури три меча.
Извор: Спорт1
