| |

ИДЕОЛОГОТ НА АНТИКВИЗАЦИЈАТА ГО ПОДДРЖУВА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Договорот за името треба да го прифатиме како единствено реално решение. На референдумот на 30 септември нема да водиме партиски борби, туку ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме, изјави за МИА професорот Васил Тупурковски пренесува Вечер.

Изнесувајќи го својот став за референдумот и Договорот од Преспа Тупурковски укажува и на важноста од почитување на поддршката што меѓународната заедница ја дава за Договорот во контекст на неговото значење за двете засегнати земји и за геострашките интереси. За жал, според него, подолго време постојат политички фактори кои трагично го делат нашиот народ, но, вели, најголемата придобивка од референдумот треба да биде постигнувањето единство.

Според Патриоти се само оние кои го подобруваат нашиот живот. А предавници не се оние што мислат поинаку. На 30 септември нема да водиме партиски борби. Всушност, ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме, вели Васил Тупурковски.

Потсетуваме дека проф. д-р Васил Тупурковски е еден од првите автори на книги за античката историја на Македонија, по осамостојувањето на Република Македонија. Негови дела се: „Историја на Македонија: Од древнина до смртта на Александар Македонски“, и „Историја на Македонија: Од смртта на Александар Македонски до римско-македонските војни“.



Слични Објави