| |

ИГОР ЈУГ КОН ЕДЕН ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ШТО ОЧЕКУВААТ АМНЕСТИЈА: ШТО СЕ КРИЕШ СЕГА БЕ, КАКО П… ПОД КОШУЛА

Пред почетокот на денешното судење за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, во големата судница во Основниот суд Скопје 1 има тензична ситуација.

Обвинетиот Игор Југ, за кого во незавршена судска постапка против 33-цата обвинети, Собранието веќе го класираше во тие кои носеле оружје, а за кои нема да има амнестија, се обрати кон еден од тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за кои се изгласа специјален закон за амнестија: „Што се криеш сега бе како пичка под кошула?“.

Извор: ТВ21

Слични Објави