| |

ПЕТАР КОЛЕВ: МАКЕДОНИЈО РАЗБУДИ СЕ!!!

Претседатетелот на Граѓанско демократска унија, Петар Колев, преку својот официјален профил на facebook реагираше во однос на изгласаниот вчера со Собранието на Македонија, закон за амнестија за настаните од 27 април минатата година. Реакцијата на Колев ви ја пренесуваме во целост:

„Во нашата држава ако си украл милиони- Никола Груевски, ако си скрил даноци- Ивона Талевска, ако си отворил врати на Собрание- Крсто Муковски, бидејќи ако не си ги отворил нема како да стигне до ќотекот и крвта која сите ја видовме, а и станавме за резил пред цел свет итн. 
Не се секирајте сѐ ќе биде во ред! Ту амнестија, ту условна казна, ту пак азилче во Будимпешта. 
Но ако си украл кило ќебапи, некоја кокошка не дај Боже, си ја повлекол Шекеринска за коса или си пазаџија и имаш мизерна пензија од 11 000 денари, имаш маалско дуќанче и едвај крпиш крај со крај, си возел 70 км/ч а не 50км/ч, си се паркирал погрешно или пак најопасно ти не си пишал СМС за да платиш паркинг, е тогаш ќе видиш што е „правна држава” и „владеење на правото”. 

Не го сакам овој филм, не ми се допаѓа режисерот, сценаристот, актерите! 

Македонијо разбуди се! Ова нам ни се случува, не на комшиите!“- напиша Колев.

Слични Објави