Технолошкиот гигант од САД Baker Hughes и бугарскиот градежен холдинг Главбулгарстрој разговараа во Вашингтон за партнерство во енергетската инфраструктура
Потпретседателот на американската технолошка компанија Baker Hughes, Метју Армстронг, разговараше со претседателот на Управниот одбор на бугарскиот холдинг Главбулгарстрој, Калин Пешов, во Вашингтон. За време на средбата беа разгледани можностите за идно партнерство при изведба на енергетска инфраструктура во регионот на Југоисточна Европа. Разговорите се одржаа во претставништвото на бугарската компанија во Вашингтон, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.
Основан во 1907 г., технолошкиот гигант Baker Hughes работи во повеќе од 120 држави и е фокусиран на проектирање, производство и имплементација на технолошки решенија за енергетскиот и индустрискиот сектор. Групацијата е лидер во обезбедување технологии и услуги за експлоатација на нафта и природен гас, вклучително и течен природен гас – LNG, енергетска опрема, дигитални решенија, технологии за водород, геотермална енергија и друго.
Бугарскиот градежниот холдинг Главбулгарстрој е една од водечките градежни и технолошки компании во регионот на Југоисточна Европа, која реализира клучни проекти од енергетската и транспортната инфраструктура – пристаништа, меѓународни гасни врски, патни и железнички траси, проекти од воената индустрија и други.
