| |

Илиев: Режимите во СССР и хитлерова Германија се сметаат за подеднакво мизантропски и антихумани

На 23 август го почитуваме споменот на милионите жртви на сите тоталитарни режими. Потпишувањето на пактот Рибентроп-Молотов меѓу национал-социјалистичка Германија и Советскиот Сојуз на денешен ден во 1939 година воведе мрачен период во европската историја. Ова на својот Facebook профил го напиша младиот бугарски историчар и општественик Кирил Илиев.

„На 23 август 1939 година, министрите за надворешни работи на СССР (Молотов) и на Германија (Рибентроп) потпишаа пакт за соработка меѓу двете тоталитарни држави со три тајни протоколи, кои ги дефинираа нивните сферите на влијание Полска и балтичките држави. Договорот го отвори патот за нацистичката инвазија на Полска, по што следеше и инвазијата на Црвената армија, и земјата беше поделена меѓу Германија и Советскиот Сојуз. Останатото е (не)позната историја…
Режимите во СССР и хитлерова Германија се разликуваат по нивната идеолошка аргументација, но не и по алатките што ги користат. Токму поради тоа, овие два тоталитарни режими се сметаат за подеднакво мизантропски и антихумани.
Да се по​​молиме за жртвите на тоталитарните режими“, пишува Илиев во својата објава на Facebook.

Слични Објави