ТРИ НОВИ МУТАЦИИ НА КОРОНАВИРУСОТ БРЗО СЕ ШИРАТ ВО СВЕТСКИ РАМКИ
Трите нови мутации на коронавирусот се шират низ светот..Новата мутација на коронавирусот, што првпат беше откриена во Велика Британија, веќе е регистрирана во вкупно 101 земја од светот.
Мутацијата која првпат беше откриена во Јужна Африка, пак, е проширена во 41 земја од светот, додека пак бразилската верзија во моментов е активна во 29 земји од светот, сооопшти Светската здравствена организација. Од СЗО сепак смируваат и велат дека смртноста од Ковид-19 е намалена за 20 проценти во однос на минатата недела.
„Падот на зачестеноста од заразување со коронавирус е посебно видлив во земјите од северна и јужна Америка (19 проценти), западниот Пацифик (девет отсто) и во Европа (седум проценти), а намалување на смртноста е регистрирано во Африка (20 отсто) и во југоисточна Азија (шест проценти). Тенденцијата на намалување на смртноста трае веќе шест недели по ред.“ – се наведува во редовниот неделен извештај на СЗО.
Од организацијата велат и дерка почна распределбата на вакцините преку ковакс ситемот и дека Гана е првата држава која ја примила вакцината преку овој механизам. Според најавите на СЗО, до крајот на годинава, преку ковакс ситемот треба да бидат распределени околу 2 милијарди дози од вакцината против ковид 19.
Дел од Европските држави полека почнуваат со ублажување на рестрикциите. Откако британската влада најави постепено намалување на мерките, германските медиуми го објавија планот на канцеларката Ангела Меркел за отворање на економијата. Намалувањето на рестрикциите би требало да се одвиваат во три фази а особено ќе се внимава да нема пребрзо отворање поради можност од пораст на бројто на ново заболени.
И Холандската влада почна со укинување на рестрикциите. Училиштата ќе бидат повторно отворени, а фризерските салони ќе можат да работат, најави холандскиот премиер Марк Руте. Сепак, Полицискиот час, кој беше воведен на 23 јануари и поради кој Холанѓаните излегоа на масовни протести, останува во сила до 15 март.
За разлика од нив, полска,која кон средината на овој месец, ги олабави мерките, дозволувајќи посети на театри и скијачки центри, во моментов се соочува со третиот бран од епидемијата..како што соопштија од полската влада, денеска најверојатно повторно ќе бидат вратени на сила строгите рестирктивни мерки кои важеа и претходно.

