КОЛЕВ: ДОТРАЕНИ ЅИДОВИ НАТПИШАНИ СО ФЛОМАСТЕР И РУИНИРАНИ ТОАЛЕТИ, ОВА ЛИ СЕ РЕФОТМИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО?

„Дотраени ѕидови, искршени штекери, насоки напишани со фломастер на ѕидовите и руинирани тоалети.
Фотографиите што ги гледате се од итната помош во градот Кочани. Ова се реформите во здравството кои се ветуваат предизборно 30 години наназад? Итната помош во Кочани личи на сѐ само не на можеби најважната здравствена институција!

Да се работи во службата за Брзата помош е предизвик само по себе. Но условите за жал се несоодветни и катастрофални!
Ова е само еден од одговорите зошто секоја година нашите доктори, сестри и болничари ја создаваат својата иднина во европските земји а најмногу Германија.

Но не се засегнати тука само здравствените работници, тука се и пациентите на кои им е потреба најитна нега и кои за жал, според трендот на иселување на докторите и ако навистина не се промени нешто во најбрз можен рок, ќе нема од кој да ја добијат.

Граѓаните на Македонија и здравствените работници заслужуваат пофункционални здравствени установи. Доста е со ветувања, време е да предизвикаме промена!
Кина успеа за една недела да изгради болница, а ние?“, напиша на facebook претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев.

Првиот човек објави и фотографии сликани во Итната медицинска помош во градот Кочани.